Целта на игрите со дропки изложени тука е вежбање на споредување на дропки, сведување на дропки на исти именители и сметање со дропки (собирање и одземање).

1. Игра „Војна со дропки“

Број на играчи: 2
Возраст: 7+ (во зависност од изборот на дропките кои влегуваат во играта)
Материјали: карти со дропки за играње (како на сликата подолу, кои може да ги симнете преку линкот за симнување под сликата)​Правилата на играта се стандардните, картите кои сте ги одбрале за играта ги ставате на едно купче со лицето надолу. Потоа, играчите наизменично отвораат по една карта, и играчот кој има карта со поголема вредност ги зема отворените карти. Ако картите се со иста вредност т.е. дропките се еднакви, доаѓа до „војна“ што значи дека секој играч става по две карти со лицето надолу врз својата карта, а третата карта ја става со лицето нагоре и споредувањето продолжува со таа карта. Откако ќе се потрошат картите во купчето секој продолжува да игра со картите кои ги зел до тогаш. Победник е играчот кој ќе успее да ги земе сите карти.
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here